Македонците од Словенија до Заев: Немате мандат да тргувате со македонскиот идентитет, јазик и историја

Сојузот на македонските културни друштва во Словенија му испрати отворено писмо на премиерот Зоран Заев.



„Со Вашите изјави во словенечкиот весник ‘Дело’ од 28.11.2020 година (…тргувате со македонскиот јазик, народ, идентитет и историја…), сето тоа нас тешко нè погоди. Мислиме дека немате мандат тоа да ѝ го правите на сопствената држава.

Почитуван господине Зоран Заев, Ве молиме да не ѝ наседнувате на бугарската империјалистичка политика и никако да не потклекнувате пред Бугарите. Сите Македонци во Македонија, во Словенија и по светот не го даваме македонскиот јазик, потеклото и нашата историја, бидејќи народот без мајчиниот јазик наскоро ќе исчезне“, се вели во реакцијата до Заев од непартиската организација што застапува над 20.000 Македонци во Словенија.