Македонската заедница во Малта од пред Амбасадата на Франција во Валета испрати порака за отфрлање на францускиот предлог за бугаризација на Македонија и за поддршка на протестите во татковината.



„Русија ја брише Украина = агресија, Бугарија ја брише Македонија = ЕУ-демократија“, „Никогаш Северна, само Македонија!“, „Смрт на неофашизмот, слобода на народот!“ „Жива е Македонија!“ се дел од пораките упатени пред Амбасадата.

„Никој не се дрзна ни да нè праша од француската амбасада кои сме и зошто сме таму. Никој!“, вели организаторот на протестот Антонио Ченто Ѓорѓиев.

„Не за француски, португалски и кои било други фашистички предлози… Ние сме Македонци од Македонија, кои говорат македонски и имаат своја историја од век и веков! Никој не смее да чепка во тоа што е наше македонско! Се надеваме само дека ве отстрамивме и покажавме соодветна поддршка и дека ќе предизвикаме вакви протести ширум светот, посебно во Австралија, Канада и германија, каде имаме огромна дијаспора, која мора де ве поддржи!“, додава тој.

„Ние сме со вас, ако не со тело, со душа и со срце“, порачува Ѓорѓиев во името на над 10.000 Македонци, колку што ја сочинуваат македонската заедница во членката на Европската унија..