Со положување венци и свежо цвеќе пред спомениците на Гоце Делчев во неколку градови, Македонците од Бугарија ја одбележаа 119-годишнината од смртта на македонскиот револуционер.
Претставници на ОМО „Илинден“ – ПИРИН и на ОМО „Илинден“ се поклонија пред неговиот споменик во селото Делчево, Сандански, а чествувања се одржаа и во Благоевград, Гоце Делчев и Шумен.






