Македонците од Албанија со остра осуда за барањето Гораните да станат Бугари во косовскиот Устав

Најостра осуда стигна од Македонското друштво „Илинден“ – Тирана за инсистирањето на бугарскиот претседател Румен Радев, за признавање на како што велат, непостоечки Бугари во Гора на Косово, област каде живеат Македонци.
„Македонското друштво „Илинден” го изразува својот револт затоа што официјална Софија ја продолжува својата антимакедонска пропаганда меѓу Македонците во областа Гора, Република Албанија и во Република Косово, обидувајќи се да ги претстави како Бугари“ – се вели во реакцијата.
Инаку, Софија неодамна постави три барања за Приштина во врска со Гораните и нивната националност – признавање на наводно бугарско малцинство, загарантирано место во Советот на заедници и вметнување на Бугарите во Уставот, во пресрет на претстојниот попис на Косово.