Честитка до сите Македонци по повод Илинден, денеска упати единствената македонската партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).
„ МАЕИ на сите Македонци каде и да се им го честита големиот национален празник Денот на државноста на Македонија – Илинден! Нека е честит и вековит македонскиот национален празник Илинден“, стои во честитката потпишана од претседателот на партијата, Васил Стерјовски.
Честитка по повод Илинден упати и Македонското друштво “Илинден”- Тирана.
„Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и насекаде во светот, од име на македонско друштво „Илинден” најсрдечно Ви го честитаме Денот на Републиката, втори август и двата историски Илиндена, 119 години од Илинденското востание и 78 години од Првото заседание на АСНОМ. Нека ни е честит националниот празник Илинден и нека е вечна нашата татковина, Македонија“, стои во честитката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.
Се додава дека Илинден е ден кога ги славиме и се присетуваме на голем број револуционери и борци, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.







