Лидерот на албанската партијата „Ново движење”, Ариан Галдини го подржува предлогот за загарантирани пратенички места за малцинствата во албанско Собрание.
Вчера се одржа трибина на тема „Изборната реформа и нашите ставови и предлози” на која учествуваше и пратеникот од редовите на МАЕИ, Васил Стерјовски.
„Како претседател на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интегација (МАЕИ) и пратеник во албанското Собрание, го поддржувам барањето за промена на изборниот модел и електронското гласање и броење.
Во име на сите малцинства ќе поднесам Предлог – закон во албанското Собрание со кој ќе се бара загарантирани пратенички места за малцинствата во албанското Собрание, рече меѓу другото пратеникот Стерјовски на средбата.
На трибината учествуваа професори, пратеници, претседатели на партии, кои разменија мислења за Изборниот законик, а дадоа и конкретни предлози.
Меѓу другото, за промена на изборниот модел, како и електронско гласање и броење со цел да се гаранира секој глас.





