Македонците му оддадоа почит на Делчев и во Благоевград

Македонското малцинство во Бугарија им се придружи на сонародниците во Македонија во чествувањето на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, положувајќи свежо свеќе на неговиот споменик на плоштадот „Македонија“ во Благоевград.



Претставници на Обединетата македонска организација „Илинден“, како и на Културно-просветното и спортско друштво „Светилник“, чиј претседател е македонскиот активист Атанас Кирјаков, му се поклонија на апостолот на македонската револуционерна борба.

Двете здруженија на Македонците од Пиринска Македонија за ова побараа и добија дозвола од Општина Благоевград.