Македонците биле Бугари до 1914: И умерени бугарски научници почнаа со пропаганда

Бугарскиот историчар Александар Стојанов кој до неодамна важеше за релативно умерен и ги почитуваше етничките, историските и јазичните разлики меѓу Бугарите и Македонците го радикализира својот став.



Најверојатно под притисок на официјалната бугарска политика и пропаганда сега Стојанов вели дека до пред 108 години Македонците биле Бугари.

Споредбата на Македонија и Бугарија со Австрија и Германија од негова страна укажува дека за него не постои посебен македонски јазик туку дека Македонците и денеска говорат бугарски јазик.

,,Да ги направиме работите едноставни. Перспективата на Бугарија е оваа:
Некогаш бевме еден народ. Сега има два, кои споделуваат заедничка историја од пред Првата светска војна. Толку едноставно.
Најдобар пример се Австрија и Германија, кои делеле заедничко историско минато до 1871 година, а потоа прераснале во посебни нации”, пишува некогаш умерениот бугарски научник кој очигледно не може да го издржи политичкиот притисок врз неговата научна позиција.