Од Партијата на Македонци во Србија му порачуваат на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски дека на 4.февруари ќе дојдат во Македонија да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев, но нема да му дозволат тој да пријде до црквата Св.Спас.
„По заканите на Џамбаски, дека на 4. февруари ќе дојде во Македонија, да сече раце на Македонци, од Партијата на Македонци во Србија му порачуваме дека ќе го чекаме во Скопје.
Ќе положиме цвеќе на гробот на Гоце Делчев и нема да дозволиме бугарските фашисти со Џамбаски да пријдат до црквата Свети Спас. Многу работи останаа нерасчистени. Поддршка до нашите браќа Македонци во Бугарија, Грција и Албанија“, велат од Партијата на Македонци во Србија.






