Македонци од Австралија до Каракачанов: Знаеме историја но и за твоите недела

Членови на Задграничниот комитет Мелбурн 2 му испраќаат порака на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана од кого бараат да ги запре навредите кон Македонците затоа што ги знаат сите информации за него.



“Г. Какаракачанов, на нас Македонците ни е познато дека потекнувате од влашкото село Каракачани, крај Дунав, во неговото долно течение, по што го носите и неговото име.

БИДЕЈЌИ ОД ВАШИТЕ ОФИЦИЈАЛНИ НАСТАПИ СЕ ГЛЕДА ДЕКА СТЕ КРАЈНО НЕУКА, НЕОБРАЗОВАНА И ПРИПРОСТА ЛИЧНОСТ, треба да знаете дека ОД ПАЛЕОЛИТОТ МАКЕДОНИЈА БИЛА ЦЕНТАР, ТАА И ДЕНЕС Е ЦЕНТАР, А СО СВОЈАТА ИСКЛУЧИТЕЛНО БОГАТА ИСТОРИЈА И КУЛТУРА, ЌЕ БИДЕ ЦЕНТАР ДОДЕКА ПОСТОИ ВЕКОТ И СВЕТОТ НА НАШАТА ПЛАНЕТА.

Тоа треба да си го запечатите во Вашата глава. Немој да не правиш прости нас Македонците дека не ја знаеме историјата и праисторијата, но и твоето кримнално досие, како и твоите антимакедонски нечесни дела, кражби, грабежи и злоупотреби на функцииите кои сте ги имале во текот на Вашиот живот”, пишува меѓу другото во пораката на Македонци од Мелбурн до Каракачанов.

Македонците велат дека тој господин, денес им се заканува дека ќе испрател бугарска војска.

“Слична на онаа од времето на фашистичка Бугарија, со задача да ги урне сите споменици кои претставуваат огледало на вистинската историја на Македонија и македонскиот народ, која намерно и тенденциозно, од завист и злоба, се прекројува, присвојува и сквернавува”, се заклучува во пораката до човекот кој систематски со години ги навредува Македонците.