Македонците во ЕУ бараат статистички а не политички попис

Одложување на политичкиот и создавање услови за статистички попис, се бара во соопштението на Координативно тело на Македонците во Европа кое ви го пренесуваме во целост:



За да се добие поширока информативност и слика за пописот кај Македонците надвор од Македонија, се одржа јавна дебата, каде се слушнаа мислењата на одредени политички и државни личности, како и ставовите на поединци и организации по тоа прашање .

Како резултат на анализите од дебатата а имајќи ги во предвид севкупниот сомнителен политички процес, се донесе заклучок за Одложување на Пописот 2021, се додека не се создадат услови за правилен и праведен статистички попис.

Како главни причини за одложување на Пописот 2021 се наведуваат:

1. Контрадикторноста на пандемијата со полицискиот час;

2. Неусогласеноста на методологијата со пописните стандарди на Евростат;

3. Сомневање во пописен фалсификат и заговор на веќе договорени резултати (политички договор а не статистички);

4. Употребата на странски софтвер без доволна транспарентност на податоците;

5. Немањето на никаква надворешна и експертска контрола врз пописот;

6. Попишување со матични броеви на починати лица;

7. Попишување на нерезидентно население повеќе од 12 месеци;

8. Бришење на македонскиот народ и претопување во етничка заедница;

9.Технички проблеми при попишувањето и недобивање пристап на истиот.

Водејќи се од горе споменативе факти и аргументи а и во интерес на зачувување на здравјето како најдрагоцено богатство на секој човек , пописот треба да се одложи и да се учествува само тогаш кога сите услови ќе бидат создадени.

Координативно тело на Македонците во Европа

22 март, 2021 година,

Женева, Берлин, Лондон, Брисел, Хелсинки