Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди постигна ефектен погодок за Леванте во ремито 1:1 на домашен терен против лидерот Атлетико Мадрид во шпанската Примера.



Барди го отвори резултатот по 17 минути игра, крунисувајќи ја полуконтрата со испраќање на топката со левата нога во мрежата на еден од најдобрите светски голмани Јан Облак.

За 25-годишниот играч за врска ова е прв првенствен гол сезонава.