Нови „откритија“ предизвикаа бум во Велика Британија, откако португалскиот весник „Сол“, објави дека 51-годишна мајка на исчезнатото тригодишно девојче Медлин Мекан, Кејт, била агент на британската МИ5.
Попрецизно, дека во времето кога нејзината ќерка исчезна работела како таен агент за анти-шпионажа во службата за безбедност на Обединетото Кралство.
Новинарот Хозе Антонио Сараја, кој постојано објавува нови детали и теории за заговор за случајот, тврди дека докторот кој го контактирал за случајот тврдел дека исчезнувањето на 3-годишната Медлин Мекан од Праја да Луз, одморалиште во во Португалија. е поврзано со „тајната активност на нејзините родители“.
Медлин Мекан исчезна на 3 мај 2007 година,
Мајката на Медлин од самиот почеток инсистира дека нејзината ќерка била киднапирана, а портпаролот на семејството, ги опишува теориите за заговор како „смешни“.





