“Мајката” на Арачиново купувала суџук со општински пари

Градоначалничката на Арачиново Миликие Халими со службени пари купувала храна и предмети кои што не можат да се оправдаат пред граѓаните и финансиските ревизори, открива истражувањето на агенцијата макфакс.мк.



Цигари, влажни марамчиња, мирисливи свеќи, калап за печење мафини, решо, дрвени лажици, чајник, се дел од работите што Општина Арачиново ги купувала со буџетот за репрезентација, кој најчесто е предвиден за службени ручеци, посети на странски делегации и работни состаноци, открива новинарка на агенцијата која објавува дека до ноември минатата година Општина Арачиново потрошила околу 7 илјади евра во ресторани и кафеани, но повеќето од трошоците немаат допирна точка со репрезентација.

Што друго купувала градоначалничката Миликие Халими која е член на СДСМ од целото истражување на Мери Јордановска.

Фото макфакс.мк