Мајка, член на Фејсбук групата “Учебници и настава мора да има”, на своето дете му наложила да го бојкотира часот по сексуално образование и родова еднаквост.
Таа вели дека за оваа тема таа сама ќе го учи своето дете.
“Здраво родители!
Јас на моето дете му реков да напушти час, (без разлика дали онлајн или како и да е) секогаш кога се предаваат теми за СЕОПФАТНО СЕЛСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ И РОДОВА СЕНЗИТИВНОСТ. Планирам и писмено да го известам училиштето дека не дозволувам такви предавања за моето дете. Имам право на тоа, а тие не смеат против барањето на родителот. Што е потребно на тие теми јас ќе го учам за да пораснам здраво и нормално дете.
Мора да се избориме против насилно наметнување на се што ќе замислат!!!”, пишува мајката која за многу кратко време добива огромна поддршка за својот став.
Иако за оваа одлука на министерката Царовска имаше многу реакции од незадоволни родители министерсфвото не ги промени наставните програми за сексуалното образование.






