По скандалозната трагедија на клиниката за Онкологија каде пациенти заболени од рак најверојатно биле лекувани со физиолошки раствор а лековите биле продавале на Косово почнаа да се јавуваат роднини на пациенти кои биле жртви на системот на клиниката.
Во потресен статус на Дејана Новаковиќ, чија ќерка починала на клиниката од канцер се открива што и се случувало на нејзината фамилија за време на лечењето кое завршило катастрофално.
„ Пред две и пол години ќерка ми се лекуваше на клиниката за онкологија. Мислевме дека се лекува, тие ми го убија детето. Од лесно излечив тип на канцер, они со „терапијата“ го хранеле канцерот. Јавно објавувам дека нема да ги оставам да се заташка како се што се заташкува во скапаната држава! Ќе активирам се што е во моја моќ и ве замолувам сите што можете да помогнете да се вклучите! Нема да се смирам додека не ги видам сите во затвор доживотен!
Сликава од ангелот мој ја ставам тука да знаете кого го убивте и да ве прогонува како сенка, мир и сон да немате никогаш како моето семејство што нема!“, напиша Новаковиќ.
Мајката во хаштазите на постот на Фејсбук ги спомнува владата на Македонија и клиниката за Онкологија.






