„Секое полнолетно лице нека избере да биде што сака и нека се определи како сака, но тој, па ни било кој друг нема право да го наметнува ова на НАШИТЕ ДЕЦА од најрана возраст!
Семејството го сочинуваат МАЈКА И ТАТКО!
МАЖ И ЖЕНА! – реагира на Фејсбук мајка на дете кое посетува прво одделение настава во ОУ „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Таа објави фотографија од работно ливче на кое децата учат за среќно семејство што е домашна работа за прво одделение..
На ливчето, како илустрација се нацртани двајца мажи и дете, а децата треба да заокружат кој е рецептот за среќно семејство.
„Ваква “грешка” на наставник кој го дал ова работно ливче и не е баш грешка.
Jeton Shaqiri министре! Кога веќе имате најава дека ќе вршите измени во законот за основно образование, тогаш веднаш да ги измените и членовите од законот во кој се вметнати термините кои се против уставни и без законска регулатива! Знаете добро за што зборувам“, пишува загрижената мајка на Фејсбук.






