Мајк Пенс: „Кој мисли дека Путин ќе застане во Украина – греши“

Поранешниот потпретседател на САД изјави дека е малку веројатно рускиот претседател Владимир Путин да ги ограничи своите воени цели за стекнување контрола врз Украина.



„Треба да ја разбереме вистинската долгорочна закана од обновување на руската агресија во Европа“, нагласи поранешниот потпретседател.

„Би рекол дека секој што мисли дека Владимир Путин ќе застане во Украина греши“, изјави Пенс за NBC News.

„Иако некои во мојата партија зазедоа малку поинаков став, не може да има место во раководството на Републиканската партија за апологети на Путин“, рече Мајк Пенс, кој размислува да се кандидира за претседател во 2024 година.

Пенс всушност одговори на коментарите на гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, кој претходно оваа недела ја критикуваше посетата на претседателот на САД Џо Бајден на Украина. Гувернерот за Фокс њуз изјави дека Москва не претставува закана за другите земји, вклучувајќи го и Вашингтон, бидејќи Русија е „навистина ранета“.

Со спротивен став е поранешниот претседател Доналд Трамп, кој веќе најави кандидатура за втор мандат во Белата куќа.

Трамп рече дека политиката на Бајден за Украина ќе доведе до трета светска војна, во уште една критика за политиките на неговиот наследник…