Група Македонци од Охридско и од Дебарца бараат автор на музика за песна посветена на осудените за настаните од 27 април.
Досега, според авторот, неколку луѓе одбиле да ја пејат или да напишат музика за стиховите.
Целата песна во продолжение:
МАЈЧИНА КЛЕТВА
Сине Јане, Горан, Игор и другарите
Во темни зандана ве ставија
Мене во црно завија
Родот македонски сквернавија
Јунаци мои, во пранги ве оковаја
македонски народ да скаменат
ИЛИНДЕН И АСНОМ да онемат
Moe име Македонија да променат
Се јавија клети душмани жедни
Во зандани ве фрлија бедни
Пак Гоце, Јане, Даме, Питу, Карев и Ченто да убијат
РОДОТ Македонски да уништат
Синови мој од Вардара, Пирина и Егеја
Клетва моја во гради ме печи
Фатете се сложно сите на оро, да ечи
Оро тешкото, оро семакедонско
Одбранете мене и моите чеда
сочувајте мое име од оваја беда
Од клети предавници и душмани Македонски
Сочувајте наше Библиско име Македонија
,,Песнава ја посветуваме на нашите браќа уставобранители кои се неосновано осудени и на Република Македонија.
Taa e крик и вик до Македонскиот народ и Македонската држава за повторно правично судење и ослободување”, пишува авторот на стиховите Кирил Јосифоски од Општина Дебрца.
Проектот за поддршка на осудените за 27 април се организира во соработка со дел од патриотските здруженија од Република Македонија и повеќе Македонски патриоти.






