Денеска претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност по котлините. Попладне променливо облачно, во западните делови со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.



Утринските температури ќе се движат од -3 до 6 степени, а дневната од 12 до 17 степени

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Температурата ќе се движи во интервал од 3 до 14 степени.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините.