И денеска, поради магла откажани се или одложени летовите од и кон скопскиот Меѓународен аеродром.
Според информациите од Меѓународниот аеродром, откажани се летовите од Бремен и Дортмунд, а одложен е летот од Истанбул. Единствено, на скопскиот аеродром слетал авионот од Виена. За околу четири часа е одложено и полетувањето на авионот за Истанбул и за околу 50 минути летот за Лондон.
Маглата предизвикува тешкотии и во патниот сообраќај, видливоста на некои патишта е намалена до 40 метри, а на други од 50-100 метри.
Македонија пат информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,по наместа влажни коловози, но намалена видливост поради магла до 150 м има на патен правец Тетово – Групчин и од 50м до 100м на патните правци Битола-Прилеп-Плетвар, Кичево-М.Брод,Скпје-Кумануво,Скопје-Велес , Велес-Катланово и Кочани-Штип.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.







