Поради маглата во скопската котлина, дел од утринските летови од Меѓународниот аеродром Скопје ќе се реализираат со задоцнување.



Одложувањето на летовите го потврдува информацискиот систем на скопскиот аердором.

Освен во Скопје, појава на магла со намалена видливост има во Полог, Пелагонија, Куманово, централниот дел на Повардарието.

Намалена видливоста има на патните правци Тетово – Групчин, Битола – Прилеп, Скопје – Куманово и Скопје – Велес е намалена на 20 – 30 метри.