Маестро Трпчевски и неверојатната радост по голот на Алиоски (ВИДЕО)

Се играше 57 минута од мечот Македонија – Украина во Букурешт.



На Националната Арена во Букурешт во 57 минута Џани Алиоски шутира пенал а на трибините еден од водечките светски пијанисти во очекување на погодок.

Трема, исчекување, стрес.

Голманот прво го брани шутот на Алиоски но не и втората одбиена топка.

Македонската Фаланга збеснува а маестро Симон Трпчевски експлодира.

Историјата можете да ја видите во следново видео.