Движењето ЗНАМ – За наша Македонија бележи зголемен интерес за нови членства, извести денес портпаролот на партијата, Никола Мемов. Тој го охрабри разочараното членство на СДСМ да премине во Движењето ЗНАМ.
„Сакаме да ја информираме јавноста дека во последниот период има значителен интерес за пристапување нови членови во ЗНАМ, кои се разочарани од раководството на СДСМ, речиси во сите градови во Македонија. Во оваа пригода ги охрабруваме граѓаните по слободна волја да пристапат во канцелариите на Движењето ЗНАМ“, рече портпаролот Мемов.
Сопартијците на Максим Димитриевски забележаа зголемен интерес за членство во ЗНАМ веднаш по изборите на 8 мај, кога јавно изјавија дека вратите се отворени за сите што се заинтересирани.
Портпаролот Мемов објави дека процедурата за формирање на новите општински организации, која беше предмет на дискусија на последната седница на Централниот одбор, ќе биде утврдена до крајот на годината. На истата седница, Мирослав Лабидовиќ и Радослав Настасијевиќ-Варџиски беа едногласно избрани за заменик-министри од страна на ЗНАМ.






