MВР треба да вработи 600 нови полициски службеници

Министерството за внатрешни работи на Македонија денеска објави јавен оглас за прием на 600 нови полицајци. Триста полицајци ќе бидат примени во Скопје, 30 во Охрид, во Куманово 15, Штип – 35, Тетово – 20, Битола – 15, Струмица – 40, во Регионален центар за гранични работи Север – 25, во Регионален центар за гранични работи Запад- 20, во Регионален центар за гранични работи Исток – 20, во Регионален центар за гранични работи Југ- 15 и во Оддел за специјални полициски операции – 50 извршители.



Кандидатите треба да се државјани на Македонија со завршено средно образование, да се полнолетни, активно да го користат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, да не се членови на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.

„Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да е државјанин на Република Северна Македонија, да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование. Активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од вработување на кандидатот, да има завршено најмалку четиригодишно средно образование, да е здравствено и психофизички способен, со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност  или должност, да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија и да има положено тест за интегритет“, соопшти МВР.

 Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:потребна телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена) и висока лична физичка подготвеност.