Лутеницата веќе не е луксузен производ, Владата ја ревидираше листата

По бурните реакции од граѓаните , Владата ја ревидираше листата на таканаречени луксузни производи и одлучи сите основни прехранбени произоди кои се со „ гарантирана цена “, а се најдоа и на луксузната листа да се со стапка 5 отсто ДДВ, пренедува ТВ Алфа.



„Со оваа измена, урдата, замрзнатото тесто, црвениот бибер и црвениот пипер, бебешките каши, адаптирано млеко за доенчиња, додатоци за исхрана за опаднат имунитет, хербалните чаеви, наполитанките и вафлите, растителниот кашкавал, останати одредени видови кашкавали, лутеница и конзервирано цвекло и феферони, се производи коишто ќе се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ од 5%. Односно Примената на најниската повлатена стапка на ДДВ во земјава се однесува на повеќе од 1650 прехранбени производи, а дополнително повластена стапка имаат и други околу 950 прехранбени производи“ велат од Финансии.
Владата повисокиот данок го правда со тоа што се грижеле за здравјето на граѓаните. Дури и премиерот и вицепремиерот кажаа дека чипсот и сладоледот не се здрави, па затоа требало да се на луксузната листа . Иако листата беше енигма додека во Собранието се дискутираше за даночната реформа од Министерството за финансии тврдат дека целиот процес за повисокото ДДВ бил транспарентен и се консултирале со бизнис заедницата. Додека траеше дискусијата јавноста единствено знаеше дека ќе поскапат производи кои не се за секојдневна употреба како кавијарот и перки од ајкулу, а од минатиот петок граѓаните се соочија со дополнителен шок .

Во меѓувреме инфлацијата се уште не е стабилизирана . Во обид да се заузда во изминатите две години неретко се играше топло – ладно со цените и маржите , неколку пати беа замрзнати па одмрзнати . Една недела откако 25 категории на производи добија „ загарантирана цена “ , се покачи ДДВ –то на 250 категории па настана вистински хаос и кај трговците и кај потрошувачите оти исти производи се најдоа на двете листи.

Извор : https://alfa.mk/%d0%ba%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%ba%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bb%d1%83%d0%ba%d1%81%d1%83%d0%b7%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bb%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b0-%d0%b2%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%b0%d1%82/?fbclid=IwAR1wms8B8gBcov2SGIqOqqK-X9mRMOWzc4ABhdRwJh6R9rI07Nfm912aNbg