Новинарот Зоран Божиновски, сопственик на порталот Буревесник, бил претепан од две непознати лица. Синоќа Божиновски бил нападнат и крвнички претепан од две маскирани лица пред домот на неговата сопруга Панда Солунчевска во Битола, кои биле вооружени со метални боксирачи на рацете.
Тој со повреди бил пренесен во битолската болница, потврди сопругата на новинарот, Панда Солунчевска, која и самата била со него за време на нападот, за Плусинфо.
На Божиновски му е скршен носот и има други повреди на главата. Тој бил однесен во Клиничката болница Битола, каде му е укажана лекарска помош, а изутринава е пуштен на домашно лекување, но попладнево повторно мора да се јави во болница, објави Плусинфо.







