Лукашенко: Влезете во унија со нас – ќе има нуклеарно оружје за сите

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека Русија ќе и даде нуклеарно оружје на секоја земја што ќе се приклучи на државната заедница на Русија и Белорусија, пренесоа руските државни медиуми.



„Тоа е многу едноставно. Треба да влезете во унијата на Белорусија и Русија и тоа е сè: ќе има нуклеарно оружје за сите“, тврди тој.

Русија и Белорусија формално се дел од таканаречената „заедничка држава“, договор чија цел е продлабочување на интеграцијата на двете земји, како на политички така и на економски план.

„Денес се бориме за мултиполарен светски поредок, кој е во интерес на сите – Кина, Индијците, Арапите, Африка и Латинска Америка.

Ние сме од оваа страна на барикадите, а Западот е на спротивната страна, бидејќи нападот беше првенствено насочен кон нас“, вели Лукашенко

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вели дека контролата над тактичкото нуклеарно оружје, како и одлуките за нивна употреба, остануваат во рацете на Кремљ, додавајќи дека Русија може да преземе „дополнителни мерки“ во иднина за „да се осигура безбедноста на Заедницата и да одговори на воено-политичката ситуација“.