Лукашенко не бара Запад да го признае

Белорускиот претседател Белорускиот претседател денеска реагираше на одлуките на некои западни држави да го признаат.



„Тие велат дека не ме признаваат. Знаете, никогаш од нив не сме побарале да нè признаат, да ги признаат нашите избори, да го признаат нашиот реизбран претседател“, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел изјави дека Европската унија одбива да го признае Александар Лукашенко за претседател на Белорусија.

Слична порака пристигна и од САД.

Лукашенко вчера положи заклетва на нов, шести претседателски мандат и покрај протестите и барањата да се повлече по 26 години на таа функција.