Поради „непланирани поправки“ на кракот на нафтоводот „Пријателство“ („Дружба“), кој доставува нафта од Русија до бројни земји од ЕУ, Белорусија на три дена ќе го прекине снабдувањето на бројни земји од Европа со гас.
Нафтоводот „Пријателството“ започнува во руски Татарстан и ја пренесува нафтата од западен Сибир, Урал и Каспиското Море во белорускиот град Мозир, каде што е поделена на северен и јужен крак.
Рускиот енергетски извозен гигант „Транснефт“ соопшти дека „испораките може да се соочат со краткорочни прекини“.
Претходно, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко и се закани на Европа со прекин на дотокот на гас, поради мигрантската криза на границата со Полска, за што ја обвини Европската Унија.







