Лукашенко до ЕУ: Ние ве грееме, а вие ни се заканувате со санкции

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска се закани дека ќе го запре транзитот на гас во Европа, преку транснационалниот гасовод Јамал-Европа, доколку Европската унија ги прошири санкциите кон Минск, пренесува агенцијата Белта.



„Ние ја снабдуваме Европа со греење, а тие се закануваат со затворање на границата.

А што ако го исклучиме природниот гас овде? Затоа би им препорачал на лидерите на Полска, Литванија и другите празноглави поединци да размислат пред да зборуваат“, рече Лукашенко на владината седница, пренесе ТАСС.

ЕУ и НАТО го обвинуваат Лукашенко дека ги користи мигрантите како оружје за притисок врз Западот, испраќајќи луѓе кои бегаат од Блискиот Исток кон Белорусија, а потоа до границите на Полска и балтичките земји, пренесува Танјуг.