Ова го соопшти директорката на Службата за внатрешни приходи на Управата за јавни приходи во синоќешното гостување во „Клик плус“ на ТВ21.
Лукаревска нагласи дека даночната управа претходно ги алармирала властите за постоење даночни обврзници кои фиктивно плаќале ДДВ.
Како што се одвивала истрагата, станало очигледно дека поединци во самата институција помагале во овие недозволени активности. Додека само еден поранешен вработен моментално е во притвор, други од истата организација се повикани да дадат објаснувања за нивната вмешаност.
Лукаревска ја увери јавноста дека даночната управа презела брзи активности со спроведување на строги контроли и обезбедување на сета потребна документација за помош на истражните органи.






