Лукаревска: Повратот на ДДВ останува

Директорката УЈП Сања Лукаревска вели дека повратот на ДДВ е еден од поуспешните проекти и како шпекулација ги оценува тврдењата дека ќе се укине „Мој ДДВ“.



„Досега имаме околу 350 илјади корисници на мерката Мој ДДВ и од самиот старт до сега имаме вратено повеќе од три милијарди денари назад кај корисниците на мерката, така што ги отфрлам сите шпекулации дека ќе се укине оваа мерка”, рече Лукаревска во одговор на новинарско прашање на вчерашната прес-конференција во УЈП.