Данокот на солидарност ќе опфати околу 200 компании , доколку биде усвоен соопшти директорката на УЈП , Сања Лукаревска.
-Зборуваме за споредбени податоци, 2022, 2021 итн. Очекувањата се дека околу 76-77 милиони евра би се влеале во Буџетот преку овој еднократен данок на солидарност, рече директорката на УЈП, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата посветена на постигнатиот договор за зголемување на платите на вработените во Управата.
Во однос на дејностите на компаниите кои ќе бидат опфатени со солидарниот данок и дали се тие поврзани само со енергетиката и оние кои оствариле големи приходи во време на енергетската криза, таа одговори дека се работи за подолг период.
-Независно, тука имаме споредбен период кој е малку подолг од енергетската криза во рамки на податоците, рече Лукаревска.
Инаку, контра барањата на бизнисот, власта вчера ја почна собраниската Комисија за европски прашања за Предлог-законот за данок на солидарност, како и за ДДВ и за измените на данокот на добивка, по скратена постапка .






