Луѓето се селат поради лошата живеачка во Макадонија, но има и такви кои често патуваат за да се тргнат од реалноста

Нема крај на граѓаните од Македонија кои купуваат билет во еден правец. Народот, разочаран од сопствената држава, постојано се сели во странство за подобро „утре“. Оние пак кои решиле да останат дома, се почесто патуваат во повеќе земји, за колку – толку да се релаксираат од македонската реалност. Па така, од почетокот на годината бројките на корисници на авионскиот превоз значително пораснале, па во вториот квартал биле превезени дури 843.654 патници, додека истиот период минатата година биле превезени 598.792 корисници, анализира Фактор. Дека интересот кај граѓаните за патување се враќа потврдуваат и бројките на корисници на останатите типови на јавен превоз, како кај автобускиот или патничкиот, така и кај желеничкиот превоз.



Според последните бројки кои ги објави Државниот завод за статистика, во нивниот месечен статистички билтен, бројот на патници кои го користат патниот или автобускиот превоз се има дуплирано во споредба со 2021 година. Па така во вториот квартал 2021 година биле превезени 561 илјада патници, додека истиот квартал 2022 година 893 илјади патници го користеле овој тип на превоз. Оваа година во вториот квартал биле превезени 1.048.000 патници.

Подобрување има и во железничкиот превоз каде бројот на патници на почетокот на годината имаше голем раст, додека во вториот квартал забележа благо успорување. Првиот квартал оваа година биле превезени 102.000 патници, додека во вториот 73.000 патници.

Летните месеци се вообичаено месеци кога повеќе се патува поради годишните празници, и поповолните временски услови, поради што очекувањата се дека за третиот квртал ќе има уште поголем број патници кои ги користат услугите на превозници било да е тоа автобускиот, железничкиот или авионскиот превоз. Повеќе може да прочитате на Фактор.мк.