Бројот на загинати во Турција и Сирија се згоолемува во час во час и се доближува до 8.400, додека околу 20.000 се повредени.
Во Сирија има 2.470 загинати, пренесува AFP. Со ова бројот на потврдени загинати од Турција и Сирија се искачи на 8.364. Официјалниот број на жртви во Турција останува непроменет и изнесува 5.894.
Граѓаните се се бесни поради, како што велат, бавната и неадекватна реакција на властите на разорниот земјотрес.
Турскиот претседател Таип Ердоган прогласи вонредна состојба во 10 провинции.
Два дена по земјотресот, Ердоган отиде во погоденото подрачје.
Спасувачите ги пребаруваат урнатините во текот на ноќта, а беа попречени од студот, уништените патишта и лошата инфраструктура.
Некои жители на градовите погодени од земјотресот изразија гнев и очај поради бавниот одговор на властите на најсмртоносниот земјотрес што ја погоди Турција во последните децении.
„Овде нема ниту еден човек, никој не помага. Снег врне, бездомници сме, без ништо. Што да правам, каде да одам“, изјави за Ројтерс Мурат Алинак, чиј дом во Малатја се урна.
Гневот расте и поради „данокот за земјотрес“ што турската влада ја воведе пред повеќе од две децении . Околу 88 милијарди лири (околу 4,5 милијарди евра) требаше да бидат потрошени за превенција од катастрофи и развој на службите за итни случаи.
Во 1999 година, повеќе од 17.000 луѓе загинаа во силниот земјотрес што ја погоди северозападна Турција.
„Каде отидоа сите наши даноци собрани од 1999 година? За AFP изјави Џелал Дениз (61). Неговиот брат и внуците се заробени под урнатините…






