Луѓе испратени од СДСМ барале помош од Груевски за промена на уставот (ВИДЕО)

Средбата на која луѓе испратени од СДСМ барале помош од екс премиерот Никола Груевски е документирана.



Ова во вчерашната емисија Само вистина на Канал 5 го објави поранешниот заменик за локална самоуправа во владата на Ковачевски Зоран Димитровски кој е генерален секретар на Демократскиот сојуз.

На средбата за која знае Димитровски а за која постоле фотографии луѓето испратени од СДСМ барале помош од Груевски за да се дојде до двотретинско мнозинство за промена на уставот.

Според Димитровски, Груевски и покрај тоа што не е во добри односи со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги одбил емисарите на СДСМ.

Дел од видеото

Целата емисија Само вистина