Лидерот на сепаратистите во самопрогласената Луганска Народна Република, Леонид Пашечник, потпиша указ за општа мобилизација, додека жени, деца и старци се евакуираат во соседна Русија.
Уредбата за мобилизација им забранува на мажите на возраст меѓу 18 и 55 години да ја напуштат територијата на самопрогласената република.
Друг декрет и дава право на извршната власт да одзема возила и имот од граѓаните за потребите на одбраната, објавија медиуми.

Ситуацијата на линијата за контакт и понатаму е тензична. Според локалните служби на отцепените републики, најмалку пет населени места во соседната облас Доњецк, синоќа биле нападнати од украинските сили.
Околу 25.000 жители на Луганск веќе ја минаа руската граница во организираната акција за евакуација на населението.







