Македонски ловџии обвинуваат дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој има влијание на комисијата за промена на законот за оружје по нечиј налог сака да ги остави македонците без своето оружје.
Членови на Ловечката федерација на Македонија се плашат јавно да го обвинат претендентот за иден кандидат за претседател но се уверени дека Спасовски под нечиј притисок сака да го исчисти сето оружје што го поседуваат македонците односно македонските ловџии со дозвола.
Од федерацијата не сакаат да коментираат било какви стравови на некои од своите членови на етничка, социјална или полова основа и упатуваат на европските правила за издавање или реиздавање на дозволи за поседување на оружје.
Во објавата на Ловечката федерација на Македонија се вели дека Македонија е единствена земја на континентот и кандидат за членка на ЕУ каде оружје може да се одземе дури и за дела каде нема насилство дури и за сообраќаен прекршок.
Целата објава на ЛФМ во продолжение:
ОБЈАВА 1. ВИСТИНАТА ПРЕД СЕ!!! ПРОЧИТАЈТЕ ВНИМАТЕЛНО!!!
ВО ЕУ ОРУЖЈЕ СЕ ОДЗЕМА ИЛИ НЕ СЕ ИЗДАВА ДОЗВОЛА ЗА ИСТОТО САМО ЗА СТОРЕНИ КРИВИЧНИ ДЕЛА СО ЕЛЕМЕНТИ НА НАСИЛСТВО, ДОДЕКА КАЈ НАС ЗА СЕКАКОВ ПРЕКРШОК ИЛИ КРИВИЧНИ ДЕЛА ВО КОИ НЕМА ЕЛЕМЕНТИ НА НАСИЛСТВО ВИ ГО ОДЗЕМААТ ОРУЖЈЕТО ИЛИ НЕМА ДА ДОБИЕТЕ ДОЗВОЛА ЗА НАБАВКА!!!
РАЗЛИКАТА – ШТО Е ОПАСНО ЛИЦЕ ЗА ЈАВЕН РЕД И МИР СПОРЕД НАШИОТ ЗАКОН ЗА ОРУЖЈЕ, А ШТО СПОРЕД ЕВРОПСКАТА ДИРЕКТИВА (ЕУ) бр. 555/2021.
Работната група на МВР предводена од нејзиниот претседател Лидија Петрова- Мојсовска, предложила со член 11 од Предлогот за измени и дополнување на Законот за оружје во член 12 став 1 алинеја 1 во Законот за оружје, да се додадат зборовите(цитат) – „освен за кривичното дело загрозување на сообраќајот сторено од небрежност“.
Доколку овој предлог за измена и дополнување на Законот за оружје на Работната група на МВР се изгласа од Собранието на Македонија , тогаш член 12 став 1 алинеја 1, 2 и 3 во Законот за оружје ќе гласи:
„СЕ СМЕТА ДЕКА ПОСТОИ ОПАСНОСТ ЗА ЈАВНИОТ РЕД И МИР СПОРЕД ЧЛЕН 9 СТАВ 1 ТОЧКА 4 ОД ОВОЈ ЗАКОН АКО:
– ФИЗИЧКОТО ЛИЦЕ ПРАВОСИЛНО Е ОСУДЕНО ЗА КРИВИЧНО ДЕЛО СТОРЕНО СО УМИСЛА КОЕ СЕ ГОНИ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ ОСВЕН ЗА КРИВИЧНОТО ДЕЛО ЗАГРОЗУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ СТОРЕНО ОД НЕБРЕЖНОСТ ,
– ФИЗИЧКО ЛИЦЕ ПРАВОСИЛНО Е ОСУДЕНО ЗА ПРЕКРШОК ПРОТИВ ЈАВНИОТ РЕД И МИР СО ЕЛЕМЕНТИ НА НАСИЛСТВО,
– ПОСТОЈАТ ДРУГИ ОКОЛНОСТИ КОИ УКАЖУВААТ ДЕКА ОРУЖЈЕТО МОЖЕ ДА БИДЕ ЗЛОУПОТРЕБЕНО, А ОСОБЕНО КОГА ЛИЦЕТО Е РЕГИСТРИРАНО ВО ЕВИДЕНЦИЈА НА НАДЛЕЖНИТЕ ОРГАНИ ЗА ЧЕСТО И ПРЕКУМЕРНО КОНСУМИРАЊЕ НА АЛКОХОЛ ИЛИ УПОТРЕБА НА НАРКОТИЧНИ СРЕДСТВА И ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИ, ПОТЕШКИ НАРУШУВАЊА НА ОДНОСИТЕ ВО СЕМЕЈСТВОТО, ОБРАЗОВНАТА УСТАНОВА И РАБОТНОТО МЕСТО И СЛИЧНО.“
За разлика од погоренаведеното, законското решение, со кое во нашиот закон СЕ ДЕФИНИРА кое лице е опасно за јавниот ред и мир, во земјите од ЕУ се применува решението од Европската директива (ЕУ) бр. 555/2021 за тоа кое лице е опасно за себе или другите, за јавниот ред и јавната сигурност.
Имено, во член 6 став 1 точка б од Европската директива (ЕУ) 555/2021 е наведено следното(преведен цитат од хрватски на македонски јазик):
„ЗА КОИ Е МАЛА ВЕРОЈАТНОСТА ДЕКА МОЖАТ ДА БИДАТ ОПАСНИ ЗА СЕБЕ ИЛИ ДРУГИТЕ, ЈАВНИОТ РЕД ИЛИ ЈАВНАТА СИГУРНОСТ: ФАКТОТ ДЕКА СЕ ОСУДЕНИ ЗА НАСИЛНО КАЗНЕНО ДЕЛО СТОРЕНО СО НАМЕРА СЕ СМЕТА ЗА ПОКАЗАТЕЛ НА ТАКВА ОПАСНОСТ.“
Од погоренаведеното е видливо дека основната резлика помеѓу ЕУ-директивата за оружје (ЕУ) бр.555/2021 и Законот за оружје во Македонија, вклучувајќи ги и најновите предложени измени и дополнувања на овој закон е што со наведената ЕУ-директива во земјите членки на ЕУ од аспект на опасност за јавниот ред и мир е предвидено граѓаните да не можат да набавуваат и поседуваат оружје само доколку се осудени за насилно казнено дело направено со умисла, за разлика од кај нас, каде покрај спомнатите насилни кривичните дела направени со умисла, граѓаните не можат да набавуваат и поседуваат ловечко оружје и доколку се осудени и за сите други кривични дела направени без насилство, а кои се гонат по службена должност освен делото за загрозување на безбедност во сообраќај сторено од небрежност (станува збор за поголем број на кривични дела – како на пример познатото – „злоупотреба на службена положба и овластување“ итн) или доколку биле регистрирани во евиденција на надлежни органи за често и прекумерно консумирање на алкохол или употреба на наркотични средства и психотропни супстанци, потешки нарушувања на односите во семејството, образовна установа и работното место и сл.
Прашуваме, дали имајќи го во предвид погоренанаведеното, граѓаните ловци во Македонија имаат еднаков законски пристап до ловечкото оружје, како и граѓаните ловци од земјите од ЕУ во однос на законскиот третман, дали се опасност за јавниот ред и мир?
Прашуваме, дали ова е усогласеност на Законот за оружје во Македонија со Европската директива (ЕУ) бр. 555/2021?
Триесет и две години граѓаните на Македонија живеат во независна, суверена држава – членка на НАТО, која денес има за цел и се стреми со сите напори да стане и земја членка на Европската Унија, каде основен императив се слободата, демократијата, граѓанските и човекови права, но очигледно кога станува Законот за оружје кој е една чиста граѓанска правна материја која го регулира набавувањето и употребата на оружјето од страна на граѓаните за потребите на лов, спорт и колекционерство, одредени кругови во МВР веруваме од лукративни причини, ни креираат и предлагаат измени на Закон со оружје кои содржат комунистичко-удбашки елементи за „контрола и тормозење на народ“ со цел оневозможување или отежнување на пристапот до легалното ловечко оружје, познати од минатиот југословенско-удбашко-комунистички-тоталитарен систем на едноумието, во кој живеевме 45 години.
Никој денес, нема право да ги понижува и потценува граѓаните на Македонија дека се помалку вредни од граѓаните од земјите од ЕУ, а особено НЕ службеници од четвртиот или петтиот ешалон од МВР, кои земаат плата од буџетот на државата кој се полни од собраните даноци од истите овие граѓани, за да денес веруваме од лукративни причини ни креираат и предлагаат комунистичко-удбашки-тоталитарни законски решенија кои се целосно надвор од Европската директива (ЕУ) бр. 555/2021, при што им ги ускратуваат правата на граѓаните да набавуваат ловечко оружје со услови предвидени со оваа ЕУ директивата или им наметнуваат комунистичко-удбашки-тоталитарни пониживачки процедури и услови за да законски можат да набават ловечко оружје или да продолжат дозвола за оружје. Сите граѓани на Македонија без оглед од која социјална, национална и верска средина произлегуваат, сакаат да живеет во демократска држава која еден ден ќе биде членка на ЕУ и ги сакаат истите прави и обврски кои ги имаат и останатите граѓани од земјите членки на ЕУ!!!





