Професорката Гордана Силјановска Давкова пратеник на опозицијата во Собранието говорејќи на расправата за буџетот кој според неа се носи како во гладијаторска арена даде неколку интересни предлози.
Меѓу поинтересните нејзини предлози е со цел да се има правично и фер трошење на државниот буџет да се направи анализа на семејните врски вработени во јавната администрацијата која е најголем потрошувач на државниот буџет.
Во расправата по предлозите на невладината еколошка иницијативата О2 чии ставови ги претставува Силјановска во парламентот таа од пратеникот Панчо Минов побара да има почит кон експертите кои точно знаат кои се ингеренциите на централната а кои на локалната власт.





