Македонската држава има свои компании за организирање на игри на среќа.
Едната е АД Државна лотарија на Македонија и таа е 100% во сопственост на државата. Како што пишува на нејзината офцијална страница “компанијата е во државна сопственост, основана според успешни примери и искуства од европските и светските државни лотарии, со цел континуиран придонес во републичкиот буџет за инвестирање во општествено корисни цели лотарија“.
Другата е Државната видеолотарија на РСМ – КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје, која е во сопственост на Државната Лотарија на Македонија и на Касинос Аустриа Интернационал Македонија.
Заедничката добивката на двете компании во 2021 година изнесувала 21,5 милиони евра. Приходите пак, на двете компании остварени од разни видови на игри што ги практикувале граѓаните се 77,7 милиони евра. Pari.com,mk







