Лоши вести од Наполи пред Грузија, Елмас повторно Ковид19 позитивен

Калчолигашот Наполи информира за втор тест на кој што било утврдено дека македонската фудбалска ѕвезда Елиф Елмаз повторно е позитивен на Ковид19.



Наполи објави дека Елмас за прв пат беше позитивен на 3 октомври а ситуацијата не е променета ниту 18 дена подоцна.

Доколку наскоро нема промена во статусот на Елмас тој може да го пропушти мечот на векот меѓу Македонија и Грузија на 12 ноември на кој победникот ќе се пласира на Европското првенство идната година.

“Направивме втор контролен тест кој покажа дека Зиелински и Елмас се уште се позитивни. Тие тренираат дома и се во одлична кондиција. Сите други тестови на играчите се негативни”, објави рано утрово професорот Мироне одговорен за тестирањето и здравјето на фудбалерите на Наполи.

Доколку во наредниве две недели Елмас не биде негативен на тестот Македонија може да се соочи со хендикеп да игра без еден од своите најдобри играчи од кого многу зависи играта на репрезентацијата но и кој може со еден потег да го реши историскиот меч со Грузија кој се игра во Тбилиси.

Елмас поради позитивен тест го пропушти предходниот меч со Косово за пласман на ЕП и со Грузија кој се играше во рамки на Лигата на нациите.