Лондон: Протест поради зголемените животни трошоци

Илјадници луѓе се собраа денеска во Лондон на протест поради зголемените животни трошоци.



Премиерот Борис Џонсон беше критикуван дека бавно реагира на кризата со трошоците за живот, во услови на инфлација во Британија и низ Европа.

Една од причините е тековната војна во Украина.

Демонстрантите носеа плакати со пораки како „Стоп за војната, а не за просперитетот“.

Тие ја исвиркаа владата на Даунинг стрит 10.

Протсетот се случува на позадината на скандалите кои ја потресоа владата на Борис Џонсон, познати како „Партигејт“.