Велика Британија ќе ги заплени имотите на руските олигарси доколку има правна основа за тоа, изјави во петокот британскиот вицепремиер Доминик Рааб, јави Ројтерс
„Доколку имаме докази и има правна основа, ќе го направиме тоа“, изјави Рааб за радио ЛБЦ на прашањето за можноста за заплена на имоти на руски олигарси како одговор на руската инвазија на Украина.
Запрашан дали би поддржал користење на такви имоти за сместување на украинските бегалци, тој рече „Да, апсолутно“ појаснувајќи дека се разгледуваат сите варијанти.







