Велика Британија е подготвена официјално да ја стави на црна листа на руската паравоената приватна формација „Вагнер“ како терористичка организација.



Целта е да се зголеми притисокот врз Русија, пренесува „Ројтерс“.

„Вагнер“ го предводеше повеќемесечниот руски напад врз Бахмут во индустрискиот регион Донбас.

Одлуката најверојатно ќе стапи на сила во рок од неколку недели, изјави владин извор.

Припадноста кон групата, присуството на состаноци, промовирањето поддршка за неа или носењето на нејзиното лого на јавно место, би било кривично дело.

Исто така, ќе се воведат финансиски санкции за групата и ќе има импликации за способноста на Вагнер да собира пари доколку некои средства одат преку британските финансиски институции, додава весникот.