Лондон ќе го снабди Киев со ракети со голем дострел

По САД и Велика Британија соопшти дека ќе испрати ракетни системи со долг дострел во Украина, игнорирајќи ги предупредувањата на рускиот претседател Владимир Путин.



Министерството за одбрана на Обединетото Кралство соопшти дека Лондон во тесна соработка со Вашингтон координирал обезбедување на повеќенаменски ракетни системи, познати како MLRS, за да ѝ помогне на Украина да се одбрани од руската агресија.

Лансери М270 кои можат да погодат цели до 80 километри со прецизно наведувани проектили, ќе „понуди значително зголемување на потенцијалот на украинските сили“, додаде министерството.

Минатата недела, Соединетите Држави објавија дека ќе му достават на Киев високомобилен артилериски ракетен систем, познат како HIMARS, кој може да лансира неколку прецизно наведувани ракети истовремено.