Вредноста на барелот на лондонскиот пазар утринава скокна на 118 долари, додека на американскиот пазар е 114 долари за барел.
Тоа е раст од околу 10 проценти во однос на вчерашниот ден, пренесува „Фактор“.
Пред десетина дена цените на нафтените деривати паѓаа и достигнаа ниво под 100 долари. Претходно, барел вредеше 130 долари, но таа максимална вредност траеше еден ден.
Цената на нафтата може да порасне до 300 долари за барел во случај на забрана за испораки од Русија, што е неверојатно сценарио, предупреди рускиот вицепремиер Александар Новак.
„Во случај на отфрлање на нашите испораки, велам дека цената на нафтата ќе биде 300 долари за барел, додека некои велат 500 долари“, рече Новак.







