Директор на ЈП Железници на РМ Инфраструктура вели дека е во завршна фаза подготовката на тендерската документација за надзорен инженер и за техничка помош, како и за градба за последните 24 километри од железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија.



Хари Локвенец во интервју за МИА вели дека за скоро време ќе биде објавен тендерот и до крај на годината ќе имаме избран изведувач

Тој вели дека е евидентен прогресот на тековните активности за првите две фази од пругата кон Бугарија, а очекува изведувачите да ги завршат овие проекти во предвидениот рок.

Локвенец се осврнува и на експропријацијата за тој дел, а до крајот на 2027 година очекува да го завршиме нашиот дел од источното крило на железничкиот Коридор 8.