По 9 налети на полицискиот хеликоптер и интервенциите на локалните пожарникари воспоставена е контрола на пожарот кај Николиќ, Дојран. Поради силниот ветер и најавеното невреме на ер-тракторот не му беше дозволено да полета кон Дојран. Пожарникарите од Свети Николе и доброволци, со помош на храбрите пилоти на полициските хеликоптери пожарот е локализиран. Се врши проверка и догаснување.
На 112 е добиена информација за пријава на шумски пожар во местото викано Стрелиште во Битола.

Претходно, полициски хеликоптери и пожарникари ги гаснеа пожарите во Свети Николе, Дојран, Демир Хисар. Полициски хеликоптер со три тона вода го гасне пожарот кај Дојран кој се шири и е дојден до селото Николиќ. Претходно градоначалникот на Дојран, Ангов, изјави дека тешко оди смирувањето на огнената стихија.
- – Пожарот го гаснат пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и екипи на ЈП „Национални шуми“, но теренот е непристапен и тешко оди смирувањето на огнената стихија, изјави тој.
Денеска околу пладне избувнал пожар во непосредна близина на Свети Николе, кај местото Кривчева река, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Трет силен пожар изби кај селото Сопотница, демирхисарско. Поради опасност пожарот да навлезе во високо квалитетна шума, објаснуваат од ЦУК, упатен е Ер трактор на Дирекцијата и заштита и спасување.





