„Логично е, ако ние и понатаму продолжиме да бидеме блокирани од страна на Бугарија, дека другите земји кандидати нема да сакаат својата судбина, својот пат кон европските интеграции да ги врзуваат со било кој друг, вклучително и со нас.
Не гледам ништо спорно во изјавата на господинот Рама“.
Ова е одговорот на новинарско прашање на претседателот Стево Пендаровски за изјавата на албанскиот премиер Еди Рама, дека Албанија ќе побара одвојување од Македонија доколку во јуни земјата остане блокирана.
Софија: Почитување на правата на Бугарите во Македонија па преговори со ЕУ
Шефот на државата е во дводневна посетата на Црна Гора.






